„Ист Гејт подарок-картичка“ - East Gate Mall
?>

„Ист Гејт подарок-картичка“

image of the store

„Ист Гејт подарок-картичка“

Со „Ист Гејт подарок-картичка“ на East Gate Mall и Комерцијална банка го дарувате идеалниот подарок. Картичките се одличен подарок за секоја пригода – роденден, матура, венчавка, Нова година или кој било друг повод. Со убавиот дизајн на картичката и пакување со можност за лична посвета, подарувате внимание кое остава одличен впечаток.

 

ВО КОИ ИЗНОСИ Е КАРТИЧКАТА?

Со износи од 1.000, 2.000, 3.000, 4.000 и 5.000 денари и можност да се користат во голем број продажни места во East Gate Mall им овозможувате на вашите блиски самите да го одберат својот совршен подарок.

КАКО МОЖЕ ДА СЕ ДОБИЕ?

„Ист Гејт подарок-картичките“можете да ги купите во најблиската експозитура на Комерцијална банка. Сѐ што треба е да го одберете износот што сакате да го подарите – 1.000, 2.000, 3.000, 4.000 или 5.000 денари. Картичките ги добивате веднаш и без пополнување формулари.

Подарок-картичката не е персонализирана, односно на неа нема име и презиме и може да се користи од лицето што ја поседува уште веднаш.

ВО КОЈ ВРЕМЕНСКИ ПЕРИОД МОЖЕ ДА СЕ КОРИСТИ?

Износот на картичката може да се искористи во продавниците во трговскиот центар East Gate Mall кои се дел од оваа програма, во период од 6 (шест) месеци од нејзината набавка.

Износот може да се троши повеќекратно, а сопственикот може да ја провери состојбата на својата картичка во кое било време преку интернет-страната на Комерцијална банка на следниот линк или на шалтерите на Банката.

 

ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА?

„Ист Гејт подарок-картичката“ е наменета за физички лица и за правни субјекти кои сакаат да подарат вредност за вработените во компанијата. Таа претставува модерно и елегантно решение кога барате најсоодветен подарок за да изразите љубов, внимание, радост, почит или задоволство.

КАДЕ МОЖЕ ДА СЕ КОРИСТИ?

Имателот на картичката ќе може сам да си го одбере подарокот по своја желба од најпознатите брендови достапни во East Gate Mall за облека, обувки, технологија, козметика, додатоци. Изборот е огромен! Погледнете ја листата на продавници во East Gate Mall.

Продажни места во East Gate Mall каде може да се користи подарок-картичката

Назив  Категорија Кат
Adidas спорт 1 кат
Arthur’s обувки 1 кат
B Watch Часовници и накит 1 кат
Babor салон за убавина ниво 1 (B1)
Bonatti машка / женска мода 1 кат
Bozhinovski часовници приземје
Buzz спорт 1 кат
Calliope машка / женска / детска мода 1 кат
Calvin Klein машка / женска мода приземје
Car Box авто козметика ниво 2 (B2)
Carpisa модни додатоци приземје
City Fashion машка / женска мода приземје
Dan John машка мода приземје
Destan ресторани и барови 1 кат
Dioptra оптика 1 кат
DM Drogerie козметика 1 кат
Fashion & Friends машка / женска мода приземје
Gant машка / женска мода приземје
Hugo машка мода приземје
Intersport спорт 1 кат
iStyle техника и телекомуникации приземје
Kares Premium за дома ниво 1 (B1)
Kiko Milano козметика приземје
Krsh играчки 1 кат
Krusel електричен алат ниво 2 (B2)
L T B машка / женска мода 1 кат
L’Occitane козметика приземје
La Familia подароци за секого ниво 2 (B2)
Literatura книжарница 1 кат
Literatura Caffe кафе бар 1 кат
Liu Jo женска мода приземје
Lush козметика приземје
Mango машка / женска / детска мода приземје
Max Optika оптика 1 кат
Motocentar продажба на гуми ниво 2 (B2)
My Time часовници 1 кат
Neptun техника и телекомуникации ниво 1 (B1)
Nike спорт 1 кат
Office Shoes обувки приземје
Okaidi детска облека 1 кат
Original Marines детска облека 1 кат
Palestra фитнес 2 кат
Parfois модни додатоци приземје
Patrizia Pepe женска мода приземје
Polleo Sport спорт 1 кат
Prosvetno delo книжара/канцелариски материјал 1 кат
Qunto 1981 машка / женска мода 1 кат
Qunto Cigars тобако 1 кат
Sigma модни додатоци 1 кат
Sizeer спорт 1 кат
Skachers обувки приземје
Smaragd златара приземје
Solis Silver модни додатоци приземје
Sport M спорт 1 кат
Sport Reality спорт 1 кат
Sport Vision спорт 1 кат
Springfield машка / женска мода приземје
Subra аптека приземје
Timberland обувки приземје
Tommy Hilfiger машка / женска мода приземје
Tudors машка мода 1 кат
Twinset женска мода приземје
Under Armour спорт 1 кат
Yamamay женска мода приземје
Zen Diamond златара приземје
Zia модни додатоци 1 кат